фото: Катимерини

Одрон на карпи во клисура на Крит: Загина 35 годишна туристка

35-годишна туристка загина во одрон на карпи во клисурата Самарија на Крит, а се смета дека другите туристи се блокирани во областа каде што планинареле, пренесува Катимерини. 

Според информациите од лекарскиот преглед, жената била повредена во потколеницата и починала од неконтролирано крварење.

Мобилизиран е хеликоптер за да го пренесе нејзиното тело од клисурата.

Властите започнаа операција за евакуација на другите посетители на клисурата на безбедно, бидејќи постои страв дека врнежите би можеле да предизвикаат нови одрони на карпите. Во операцијата се вклучени екипи на Специјалната единица за справување со катастрофи (ЕМАК) и противпожарната служба.

Временската прогноза беше со слаб дожд, со можност за нагло силен ветер.

Две лица се вратија на влезот од клисурата, 20 лица се придружувани до излезот, додека десет лица се во напуштеното село Самарија, на половина пат од патеката, каде што би можеле да преноќат.

Од утрово клисурата ја посетиле околу 1.100 луѓе.

Со должина од 16 километри, клисурата Самара е една од најдолгите во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот