Одобрено снимањето на серијата базирана на „Игра на троновите“

Продукцијата на НВО објави дека одобрила снимање на нова серија „Куќата на змејовите“ (House of the Dragon), базирана на „Игра на троновите“. Од ХБО објаснуваат дека новите епизоди ќе бидат сместени 300 години пред случувањата кои се одиграа во осмата сезона од серијата.

„Мило ми е што можам да соопштам дека ја нарачавме „Куќата на змејовите“ директно за НВО“, изјави програмскиот претседател на ХБО, Кеси Блојс на настанот кој беше одржан во Лос Анџелес. Додаде дека серијата ќе раскажува за куќата Таргарјен и раните денови на Вестерос.

На ова продолжение ќе работат Џорџ. Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник, а би се базирало на книгата „Оган и крв“ на Мартин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот