Man holding tablet with the image of Budva while standing on the balcony of his apartment in Budva town, Montenegro,Image: 528473682, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Pawel Opaska / Panthermedia / Profimedia

Одмор во Будва? Подгответе го буџетот за поскапи храна и сместување

Летната сезона во Будва веќе започна, а првичните податоци и повратните информации од туристичкиот сектор укажуваат дека оваа црногорска дестинација ќе одржи високо ниво на посетеност ова лето, слично како и минатата година, пишува Еуроњуз.

Како што велат од турстичката организација Будва, зголемувањето на цената на сместувањето е скромно и главно е поврзано со законски измени.

„Имаше зголемување на ДДВ-то за услугите за сместување, па затоа некои хотелиери ги зголемија цените за тој процент, додека други останаа на минатогодишното ниво. Цените за приватно сместување не се променија значително бидејќи голем број даватели на услуги не се во системот на ДДВ“, објаснуваат од организацијата.

Угостителските услуги, пак, станале поскапи за околу 6%,

„Откако има зголемување на цените на инпутите, како што се сирењето, овошјето, кафето и слични производи. Во секој случај, тие се задоволни засега и се надеваат дека така ќе остане и во иднина“, велат од организацијата.

Иако патните правци во Црна Гора во моментов страдаат поради инфраструктурни работи и метеж, тоа не влијае значително врз пристигнувањето на гостите во Будва, бидејќи најголемиот број на туристи пристигнуваат со авион.

Врз основа на податоците од првите четири месеци од оваа година, Будва ја посетиле околу 94.000 туристи, а биле регистрирани речиси 240.000 ноќевања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот