фото: Фејсбук/ Рамиз Мерко

Одложено е судењето по тужбата за клевета на Рамиз Мерко против Беким Ќоку

Денешното судско рочиште од случајот во кој струшкиот градоначалник Рамис Мерко го тужи пратеникот на „Вреди“ од Струга, Беким Ќоку, за клевета, се одложи, затоа што Ќоку од судот побара да обезбеди преведувач на албански јазик. Тоа судот не можеше да го обезбеди денес, по што адвокатот на Мерко побара рочиштето да биде одложено, а следното е закажано за 8 мај, јави „Алсат“.

Тужбата Мерко ја поднесе затоа што пред повеќе од година и половина, на еден локален портал, Ќоку напиша дека Мерко е „корумпиран“. Денес двете страни требаше да излезат со завршните зборови. Мерко на првото рочиште рече дека објавите на Ќоку го вознемириле него и семејството. Ќоку тужбата на Мерко ја оценува како „трагикомична“.

Мерко бара утврдување на одговорност од сторена навреда и надомест на штета во висина од 30.000 денари. Инаку само еден месец, по ова вештачење, американскиот Стејт департмент го стави Мерко на Црната листа на САД и го прогласи за перосна нонграта, поради корупција и влијание врз судски предмети. Во моментот против Мерко има девет активни судски процеси, а тој на обвинителна клупа, ќе седне веќе на 24 јануари.

Долгогодишниот струшки градоначалник, чие име се врзува за многу корупциски и други скандали во Струга, лани во јуни беше ставен на „црната листа“ на САД, а Вашингтон одлуката ја образложи со сомневањата за учество на Мерко во „значајна корупција“ и „мешање во судски процеси“. Поради случај во кој Мерко се гони за поттикнување етничка омраза и нетрпеливост, Судот минатиот месец му го одзеде пасошот.

Рамиз Мерко е ставен на „стоп-листа“ и пасошот му е одземен, вели пратеникот Ќоку од „Вреди“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот