Одличен викенд за македонскиот автомобилист во „Имола“/ фото: acisport.it

Одлична трка за Иџе, го освои шестото место на легендарната „Имола“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе имаше одлична трка во рамки на ТЦР шампионатот во Италија. Иџе на легендарната патека „Имола“ го освои шестото шесто иако трката ја започна од 16. позиција.

На вчерашната трка, исто така на Имола, Стефановски го освои осмото место, а исто така стартуваше од 16 позиција.

Победник на денешната трка беше Италијанецот Кевин Чекон, второто место му припадна на Матијас Бахтел, а Душан Курил беше третопласиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот