
Одбојкарките на Фит Фан Волеј ќе дебитираат во БВА купот
Во новата сезона 2025/2026 македонската женска клупска одбојка ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена – екипата на Фит Фан Волеј пријави учество во БВА купот, во организација на Балканската одбојкарска асоцијација.
Препорачано
Ланската сезона беше најуспешна во клупската историја на Фит Фан Волеј со пласман во првенствениот плеј-оф, каде финишираше како четвртопласирана, односно учество на Ф4 турнирот во Купот на ОФМ 2025.
Со пресрет на новата сезона, клубот одлучи да направи уште еден чекор напред и да се проба во интернационалните води, а како прва станица е БВА купот.
Покрај Фит Фан Волеј како македонски претставник во женска конкуренција досега учество има пријавено и ЖОК Борац од Босна и Херцеговина, кој ќе биде и организатор на женскиот турнир во БВА купот 2025.
Балканската асоцијација дополнително треба да ги објави имињата и на другите учесници. Неопходен е минимум од четири екипи за да се реализира натпреварувањето, кое треба да биде реализирано најдоцна до 12 октомври.
Она што го прави дополнително атрактивен овој Куп е што победникот обезбедува место во ЦЕВ Челинџ купот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5