
Одбојкарките на Фит Фан Волеј ги дознаа ривалите во Балканскиот клупски куп
Единствениот македонски претставник во Балканскиот клупски куп, БВА купот 2025, Фит Фан Волеј, ги доби противниците во годинешното издание.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Одбојкарките на Фит Фан Волеј ќе се соочат со грчки АЕК, Херцег Нови од Црна Гора, како и организаторот на турнирот Дрита од Косово. БВА купот ќе се игра од 25 до 28 септември во салата „Мајка Тереза“ во Гњилане.
Победникот на овој турнир обезбедува директно учество во ЦЕВ Челинџ купот, а за да дојдат до таа привилегија четирите екипи ќе играат по принципот „секој со секого“. Според распоредот Фит Фан Волеј настапот го започнува на 25 септември од 17.30 часот против АЕК Атина. Во второто коло, ден подоцна од 20 часот игра со домаќинот Дрита.
На 27 септември екипите ќе имаат слободен ден, додека третото коло се игра на 28 септември, а Фит Фан Волеј од 17.30 часот ќе ги измери силите со Херцег Нови.
Фит Фан Волеј минатата сезона заврши на четвртото место во Првата лига, а играше и во полуфиналето на Купот на ОФМ 2025 што е една од најуспешните сезони во нивната клупска историја. Во новата сезона клубот ќе се обиде да направи чекор напред и да се проба на меѓународната сцена.
БВА КУП 2025 (ЖЕНИ) Гњилане, Косово
25 септември
17.30 АЕК Атина – Фит Фан Волеј
20.00 КВ Дрита – ОК Херџег Нови
26 септември
17.30 ОК Херцег Нови – АЕК Атина
20.00 Фит Фан Волеј – КВ Дрита
27 септември – слободен ден
28 септември
17.30 ОК Херцег Нови – Фит Фан Волеј
20.00 АЕК Атина – КВ Дрита