Фото: Инстаграм/Скриншот/Јутјуб

„Одам на итна операција“: На Инди ѝ пукнал силиконот додека се тепала со сестра ѝ Едита

Српските пејачки Инди и Едита Арадиновиќ неодамна ја шокираа јавноста со нивната тепачка во јавност.

Но, се чини дека конфликтната ситуација имала лош епилог за постарата сестра Инди, која ќе мора да оди на итна операција бидејќи ѝ пукнал едниот силикон во градите за време на тепачката.

„Да, точно е се што сте чуле. Одам на итна операција. Ми пукна силиконот. Но, со оглед на тоа што ќе го менувам, ќе ги зголемам градите за еден број повеќе“, изјави Инди за „Блиц“.

Пејачката кон крајот на 2012 година ги зголеми градите, а како што тогаш откри, претрпела страшни болки поради желбата за поубаво деколте.

„Многу ме боли кичмата! Лекарот ми рече дека треба да вежбам, да ги зајакнам мускулите на грбот. Не можам да кажам дека се покајав што ги зголемив градите бидејќи визуелниот ефект не изостана, но самодовербата не ми се подобри. Искрено, да не бев пејачка, никогаш немаше да вградам силикон“, изјави тогаш Инди.


Како потсетување, неодамна во јавноста се појави снимка на која сестрите Инди и Едита брутално се тепаат среде улица.

По тој повод, Едита се огласи на нејзиниот инстаграм-профил.

„Браќа и сестри. Другари и другарки. Непријатели – вие особено. Сè во најдобар ред. Вие најдобро знаете како функционираат или не функционираат семејствата. Досадувате ако мислите дека ние ќе дадеме изјави во врска со оваа глупост. Можеби до тогаш повторно ќе се степам, но со право, бидејќи овде сме како две пијаници пред продавница. Навистина не треба да ви биде грижа што се случи. Уживајте, ве сакам“, напиша Едита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by едита (@editaaradinovic)

Кратко потоа се огласи и Инди.

„Драги мои следбеници и медиуми, за да не морам да одговарам на секого поединечно: Во врска со видеото кое кружи по порталите и социјалните медими. Секое семејство има добри и лоши моменти. Имајќи предвид дека и двете сме емотивни, енергични, темпераментни и што е најважно, искрени, родени во ист знак, логично е понекогаш да се случува семејна караница. И ова ни е многу смешно на крајот на краиштата. Готово. Ние две сме сестри, секогаш ќе бидеме тука една за друга, затоа што се сакаме најмногу на светот. Во нормални односи сме, но не ветуваме дека нема да има уште една ‘тепачка’, можеби и во живо. Ве сакаат девојките Арадиновиќ“, напиша Инди на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!