Лекар/Доктор илустрација / Фото: Ale Ventura / PhotoAlto / Profimedia

Од утре до крајот на декември во Србија ќе се спроведе истражување за здравјето на населението

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска објави дека од 1 октомври до 30 декември ќе спроведе истражување за здравјето на населението на Србија во 2025 година. Носител на истражувањето е Републичкиот завод за статистика на Србија, во соработка со Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ и Министерството за здравство, пренесува Н1.

Анкетата за здравјето на населението на Србија е национално истражување што се спроведува во согласност со стандардите на Европската унија (Европско истражување за здравство – ЕХИС), на секои шест години.

Главната цел е да се обезбеди континуитет и споредливост на податоците со претходните циклуси, како и да се добие сеопфатен опис на здравствената состојба на населението на возраст од 15 години и повеќе.

Истражувањето вклучува 4.800 случајно избрани домаќинства, а резултатите ќе бидат прикажани и на ниво на Србија и по статистички региони: Војводина, Белград, Шумадија и Западна Србија, Јужна и Источна Србија.

Истражувањето собира информации за тоа како граѓаните го проценуваат своето здравје, до кој степен користат здравствена заштита и како се грижат за сопственото здравје преку усвојување на одредени животни стилови.

Добиените резултати ќе се користат за планирање на здравствената заштита, проценка на ширењето на разни болести и идентификација на причините за нивно појавување, со цел подобрување на јавното здравје во Србија, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот