Кирил Поп Христов - Фото: Кирил Поп Христов/akademik.mk/Фејсбук

Од сјајот на сцената и борбата за живот до мирот во Еквадор: Кирил Поп Христов денеска го прославува својот 58 роденден

Кирил Поп Христов, познат како Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година, од 1993 до 2014 година, работел во Македонски народен театар – Скопје, и потоа по кратка пауза во 2018 г. повторно се враќа на истата сцена.

Тој играл во голем број театарски претстави меѓу кои се:

Дон Хусман (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомаше, режисер: Леванд Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
Антинор (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
Пејач (Мара /Сад, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
Мик (Домар, 2004), автор: Харолд Пинтер, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
Крсто (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
Џиги (Павилјони, 1999), автор: Милена Марковиќ, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
Џокер Мори Шербијак (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автор: Кристијан Милер и Кристијан Ристевски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
Осман бег (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
Микољка (Злосторство и казна, 1994), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
Стево (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
Срета (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
Јохансон (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар;
Александар Македонски (Крик, 1991), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
Ѓурко (Зора на истокот, 1991), автор: Горан Михиќ, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар;
Принцот Едвард (Ричард трети, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар;
Петар (Гнев Божји, 1990), автор: Жанина Мирчевска, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
(Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
Илија (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
Еди (Луди за љубов, 1988), автор: Сем Шепард, режисер: Даниел Тавчовски, продукција: Македонски народен театар;
Мишка (Ревизор, 1987), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
Пијанистот (Баал, 1987), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.

Одиграл и голем број на филмови кои оставија длабок печат во неговата кариера како:

(Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
Глас (Скопје Ремиксд, 2012);
Паша (Панкот не е мртов, 2011), автор и режисер: Владимир Блажевски;
(Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станковски;
Цоро (Бал-кан-кан, 2005), автор и режисер: Дарко Митревски;
(Збогум на дваесеттиот век, 1998), режисери: Дарко Митревски и Александар Поповаки;
Чувар во кампот (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митриќески;
Младич (Нечиста крв, 1996), автори: Славен Радовановиќ и Борислав Станковиќ, режисер: Стојан Стојќиќ;
Дамјан (Македонска сага, 1993), автор: Симон Дракул, режисер: Бранко Гапо;
Исус (Тетовирање, 1991), автори: Мирко Ковач и Столе Попов, режисер: Столе Попов;
(Марика лета со авион, ТВ филм, 1988), автор и режисер: Борис Дамевски;
(Пикасо, ТВ филм, 1987), автор и режисер: Аљоша Симјановски.

ТВ серии:

(Досие Скопје, документарна ТВ серија, 2000)
(Во светот на бајките, „Трите светски камења“, 1995);
(Македонски приказни, „Христос и комарџијата“, 1992);
(Трст виа Скопје, 1990);
(Бумбари, 1989), режисер: Горан Тренчовски.

Останато:

Композитор e на филмот „Судијата“, 2002 гodina, автор и режисер: Жанета Вангели.

Во последните неколку години, Кили се повлече од активното актерство и е на релација Македонија – Еквадор, како што вели „неговата татковина по избор“, каде меѓу другото живее и неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот