фото: МИА

Од Северна во Јужна: Поранешен севернокорејски дипломат стана заменик-министер во Јужна Кореја

Од Северна во Јужна Кореја. Поранешен дипломат кој бил заменик-амбасадор во Амбасадата на Северна Кореја во Лондон, стана заменик-министер во Јужна Кореја.

Тој заедно со неговото семејство во 2016 година пребегал во Јужна Кореја. Севернокорејските власти го нарекоа Тае Џонг-хо „човечки изрод“, и го обвинија за проневера и други злосторства. Тае изјави дека пребегнал затоа што бил разочаран од режимот на Ким Џонг-ун и затоа што сакал неговите деца да имаат подобра иднина.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го именува Тае за генерален секретар на Советодавниот совет за мирно обединување, тело кое го советува претседателот за политиката на мирно обединување на Јужна и Северна Кореја. Така, Тае стана првиот севернокорејски дезертер кој е именуван за заменик министер во Јужна Кореја.

Тој е вистинската личност која може да помогне да се воспостави мирна политика на обединување, заснована на либерална демократија, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Во Јужна Кореја живеат околу 34.000 севернокорејски луѓе кои пребегнале од Северна Кореја. Тие добиваат значителна поддршка од Владата на Јужна Кореја, која вклучува државјанство, субвенционирано домување и средства за преселување.

Сепак, многу дезертери имаат проблем да се адаптираат на капиталистичкоto општество во Јужна Кореја, а често се жртви и на дискриминација.

Највисокиот функционер кој пребегнал од Северна во Јужна Кореја Хванг Јанг-јоп од владејачката Работничка партија, кој некогаш го подучуваше починатиот татко на Ким Џонг-ун. Тој пребега во Јужна Кореја во 1997 година, а почина во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот