
Од продажба на мајчино млеко млада мајка заработила колку за стан во Скопје
Млада мајка од Флорида, Џули Денис (32), која веќе има две ќерки се снашла како да ја преброди финансиската криза наметната од коронавирусот на несекојдневен начин. Таа доела сурогат бебе. Кога бебето наполнило шест месеци веќе не му било потребно да пие мајчино млеко па Џули се сетила да почне да го продава млекото кое го измолзувала. Како што пренесува Мирор таа до сега заработила 19.300 илјади евра.
Препорачано
Драгоцената бела течност таа ја пакувала во дози од 28 грама кои ги продавала за 90 центи на семејства со бебиња чии мајки немаат доволно млеко.
Џули која работи и како наставничка во основно училиште вели дека производството на мајчино млеко е еквивалентно на редовен работен однос.
„Секојдневно поминувам часови дневно приклучени на мојата пумпа, што е далеку од моето семејство“, рече таа.
Џули заради начинот на заработка е мета на многу негативни коментари во столот дека не треба да заработува од нешто што е бесплатно. Таа на тоа одговара дека не е сè во парите, но заработката е помош за нејзиното семејство.
Заработката на Џули е доволна да се купи нов стан од околу 27 квадрати во скопската населба Илинден каде што цените се движат по 700 евра за квадрат.