Дожд Гужва/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Од попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

Од денеска од пладневните часови повторно ќе дојде до дестабилизирање на aтмосферата и развој на грмотевични облаци на повеќе места кои ќе условат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Tемпературите ќе се движат од 15 до 23 степени.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре (вторник 13 мај).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот