Марко Бислимоски - претседател на Регулаторна комисија / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

ОД ПОНЕДЕЛНИК: За 88 отсто од домаќинствата струјата поскапува за 0,4 проценти

За најголем дел од домаќинствата, поскапувањето на електричната енергија нема да биде ни половина процент, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисја за енергетика соопштувајќи го новиот ценовник што треба да важи од понеделник.

– За 88 отсто од домаќинствата кои се во прв и втор блок трошокот за електричната енергија е зголемен за 0,4 процети. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата, трошокот се зголемува за 0,48 проценти и за четврт блок, зголемувањето е за 0,57 проценти – рече Бислимоски.

Цената на евтината тарифа е зголемена за 0,65 проценти.

Бислимоски рече дека до вакви минимални корекции е дојдено поради тоа што 15 отсто од струјата која ЕВН нема да ги обезбеди од државната ЕСМ, ќе ја купува на слободниот пазар, на домашната берза, кога струјата е најевтина. Со усвоените измени на Законот за енергетика маржата се намали од 11,5 на 9,9 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот