Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Од полноќ поскапува бензинот, а дизелот и екстра лесното масло поевтинуваат

Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а за еден денар поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство.

Се зголемува и цената на Мазутот за 0,533 денари за килограм и килограм ќе чини 39,945 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто во однос на одлуката од 28 јули 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот