Путин кабинет фото EPA PHOTO ITAR-TASS POOL

Од личен шпион на Путин, поранешниот директор на ФСБ, Патрушев стана негов прв помошник

Владимир Путин  го назначи поранешниот директор на ФСБ и тогашен секретар на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, за негов помошник како дел од тековното кадровско разместување по неговата инаугурација. На истата позиција го назначи гувернерот на Тула, Алексеј Дјумин, долгогодишен сојузник и еден од неговите поранешни телохранители, пренесува независниот руски портал Медуза.

Имаше широко распространети шпекулации дека Патрушев ќе добие нова функција откако беше сменет од позицијата секретар на Советот за безбедност од поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу со ненадејна реконструкција во текот на изминатиот викенд.

Веднаш по преземањето на функцијата, Патрушев во интервју за прокремљскиот весник „Комсомолскаја правда“ предупреди дека Украина би можела „да престане да постои“ во 2025 година, пишува „Њузвик“.

Ова беше коментирано на прашањето за претстојниот втор мандат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој претходно изјави дека доколку бил на преговарачка маса со Путин и Зеленски, ќе ја завршел војната „во рок од 24 часа“. Сепак, сè уште не е јасно како Трамп планира да се позиционира во однос на руско-украинската војна откако ќе биде инаугуриран.

Доналд Трамп EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Патрушев во едно интервју призна дека „значаен дел од светот сè уште гледа кон САД“, но додаде дека „самата американската елита е поделена“.

Потоа, одговарајќи на прашање за можните територијални отстапки за време на мировните преговори под Трамп, тој го изјави своето предвидување дека Украина повеќе нема да биде суверена држава до крајот на годината.

Тој најпрво нагласи дека Русите чувствуваат „братска“ врска со Украинците поради „вековните врски со Русија“, пред да рече дека уништувањето на градовите во Украина е резултат на „насилната принуда на неонацистичката идеологија и широко распространетата русофобија“.

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/SERGY GUNEEV / KREMLIN / POOL

„Можно е Украина целосно да престане да постои следната година“, заклучи Патрушев.

На почетокот на август, Патрушев нареди да се изготви план за конечната ликвидација на лидерот на групацијата Вагнер,  Пригожин, на што  Путин не се спротивставил.

Неколку недели подоцна, Пригожин и неговите блиски соработници чекале да полета приватен авион, кој малку доцнеше поради безбедносни проверки. За тој краток период беше поставена бомба под левото крило. Триесет минути по полетувањето од пистата во Москва, експлодираше поставената бомба, со што и официјално Патрушев направи успех во настојвањето да се  зајакне позицијата на рускиот претседател Путин.

Патрушев долго време се наоѓа во најтесниот круг на соработници на  Путин. Идентично со сегашниот руски претседател,  Патрушев  ја започна својата кариера во службата  на руската држава како млад дипломиран инженер во 1970-тите. Веднаш бил регрутиран во КГБ и по обуката во Минск, работел во контраразузнавање и на задачи поврзани со обезбедување на финската граница. Тој остана во службата по распадот на Советскиот Сојуз, исто како и неговиот сегашен шеф. Својата сегашна позиција ја достигна со спроведување  на политиката на Путин.

Елцин и Путин/ Фото EPA-EFE/ITAR-TASS /

Кога  стана премиер во владата на Борис Елцин, Путин го назначи Патрушев за негов наследник во КГБ/ФСБ. Патрушев во интервјуата изјави дека ќе ја освежи и модернизира руската шпионска служба.

Патрушев ја презеде функцијата од Путин кога се најде вмешан во голем корупциски скандал во кој беше вмешана приватна компанија. Токму Патрушев, според написот на ВСЈ, кој се однесува на аудио снимките од кабинетот на украинскиот претседател, отпатувал во Киев и добил компромитирачки материјал од украинските служби. После тоа почна пресметката со руската опозиција. Се верува дека трагата на нивните ликвидации низ Европа и светот води до Патрушев.

По нападите на 11 септември на Соединетите Држави, Патрушев се обиде да ја поттикне антитерористичката соработка со западните служби, но случаите на труење Руси во странство ја прекинаа соработката со Западот.

Неговата позиција низ децениите му ја донесе титулата втор најмоќен човек во Русија. Светските медиуми тврдеа  дека Патрушев го надгледувал обидот за државен удар во Подгорица, додека Црна Гора влегувала во НАТО. Откако операцијата била  спречена, Патрушев одлетал за Белград, и наводно  ѝ ветил на српската влада  дека нема да има последици  затоа што ѝ помагала  на Москва.

Патрушев често патува низ светот и во име на Путин се среќава со светската политичка елита. Поранешен функционер на Белата куќа  изјавил  дека Патрушев е главната врска меѓу Москва и Пекинг.

Познато е дека Патрушев не ги сака медиумите, информациите ги добива од извештаите на руските разузнавачки служби, а во интервјуата и говорите често  споменува теории на заговор.

Обработка на податоци: Иван Самарџиев

Патрушев дава слични предвидувања и за Молдавија

Патрушев, исто така, ги критикуваше молдавските лидери во Кишињев за нивната „антируска политика“ и смета дека Молдавија можеби повеќе не е држава.

„Не исклучувам дека агресивната антируска политика на Кишињев ќе доведе до тоа Молдавија или да стане дел од друга држава или целосно да престане да постои“, често изјавуваше Патрушев.

МНР на Молдавија веднаш реагираше на неговата изјава, велејќи дека коментарите на Патрушев се „неприфатливо мешање во внатрешните работи на земјата и имаат за цел  дестабилизација на регионот“.

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Кој е Николај Патрушев?

Дека Патрушев, поранешниот шеф на ФСБ, кој со годините се здоби со репутација на „личен шпион на Путин“, ќе стане помошник на Путин, беше познато уште во мај, кога беше објавено дека Сергеј Шојгу, кој претходно го предводеше Министерството за одбрана 12 години,  би бил сменет од функцијата, односно ќе  стане секретар на Советот за безбедност.

Главниот „силовик“ на Кремљ, централниот „антиамерикански воин“ на Путин и автор на политичкиот програмски памфлет „Колапс на паразитски држави“ зајакна за време на војната до тој степен што некои отворено го позиционираат како наследник на Путин.

Сепак,  како што пишува Жигар во „Der Spiegel“, тој има големи амбиции и го турка својот син Дмитриј Патрушев (47), банкар и политичар кој беше министер за земјоделство до мај 2024 година, по што беше унапреден во вицепремиер за земјоделство.

Токму ова се смета за најголема слабост на Патрушев , бидејќи, со поставувањето на неговиот син  на високи државни функции би ги направило можеби премногу силни за Путин, па дури и реална опасност. Патрушев, сепак, „ужива“ големи симпатии во (најчесто) радикалниот конзервативен репресивен дел на Кремљ.

Западни разузнавачки извори и поранешн руски шпиони изјавиле дека Патрушев лично го одобрил убиството на Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка мрежа Вагнер. Патрушев долго време го предупредувал  Путин дека Пригожин, кој ја критикуваше руската војска и ги обвинуваше нејзините команданти за загубите и поразите во Украина, претставува закана за Кремљ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот