
Од Кичево кон Охрид ќе се вози по автопат пред летната сезона догодина, најавува Трајановски
Работиме и во зимските месеци и автопатот Кичево-Охрид ќе го пуштиме и пред летната сеозона догодина, вели директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.
Препорачано
– Денеска заедно со екипа од Сител ТВ извршивме увид во градежните работи на ескпресниот пат Страцин – Крива Паланка. За првпат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури. На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето, вели Трајановски.
Тој додава дека досега зависеле од условите на времето, а на ниски температури морало да се прекине со асфалтирање.
– Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево – Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево – Охрид пред летната сеозона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај, вели Трајановски во објавата на Фејсбук.