Фото: Профимедиа

Од Италија директно на вашата трпеза: Рецепт за тестенини со меко говедско што се топат во устата

Pesto alla genovese (песто ала џеновезе) е вкусен сос, кој се подготвува од босилек, борови ореви (пињоли), тврдо сирење, маслиново масло и кромид. Тестенините ала џеновезе, пак, се традиционално јадење на северот на Италија, кое подразбира сервирање варени тестенини во сочен сос на база на говедско месо и кромид.

Со мноштво кромид, „ѕвездата“ на оваа паста е поевтино парче говедско месо, кое со продолжена термичка обработка на пониски температури се претвора во најмеко месо.

Состојки:

– 1 кг кромид
– 500 гр говедски врат исечен на коцки
– 100 гр сланина
– 100 мл бело вино
– 1 мал морков
– 1 мало стебленце целер
– 1 лажица доматен концентрат
– 1-2 чешниња лук
– ловоров лист
– сол и бибер по желба
– рендан пармезан или пекорино по желба
– свеж магдонос за сервирање

Подготовка:

1. Сланината се сече на помали парчиња и се пржи во тенџере на умерена температура.
2. Од страна се вадат крцкавите парчиња, а на останатата маснотија се мешаат јунешките коцки додека не добијат златно-кафеава боја од сите страни. Ќе ви требаат околу 10 минути. Додадете сол и бибер по желба.
3. Извадете го месото и оставете го на страна. Во истото тенџере пржете една третина од исечканиот кромид, морковот и целерот додека да омекнат. Ќе ви бидат потребни околу пет до десет минути за да го направите ова.
4. Се промешува сечканиот лук и се динста околу една минута.
5. Додадете концентрат од домати и добро измешајте со другиот зеленчук.
6. Тенџерето одглазирајте го со бело вино.
7. Вратете го говедското месо во тенџерето заедно со остатокот од сечканиот кромид. Поклопете го тенџерето и сè заедно гответе така на умерена температура околу половина час.
8. По половина час отворете го тенџерето и проверете ја ситуацијата. Кромидот дотогаш треба да ослободи многу течност.
9. Ставете го ловоровиот лист, малку намалете ја температурата и сè заедно варете околу два до три часа, повремено мешајќи на секои 15 до 30 минути додека месото не почне да се „распаѓа“ на допир.
10. Се служи топло со тестенини по желба, рендано тврдо сирење и свеж магдонос. Добар апетит! К. А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот