Од идната недела Македонија и официјално 30. членка на НАТО

Спасовски: Пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон.

Северна Македонија денеска пристапува кон испраќање на документот за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, откако тоа претходно го сторија сите земји-членки, најави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

-НАТО и формално нè извести дека сите сојузници завршиле со ратификација на протоколот за наше членство. Денес, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон. Следната недела истиот ќе биде предаден во Вашингтон и со тоа Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО, истакна Спасовски.

Спасовски додава дека со ова е исполнета важна стратешка цел за стабилноста на државата и за безбедноста на сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот