Фото: ФК Шкупи

Од Ѓорче во Чаир: Арби Воша е првото летно засилување за Шкупи

Тимот на Шкупи кој не успеа да ја одбрани шампионската титула во ПМФЛ до која стигна Струга го претстави првото летно засилување.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Арби Воша од Македонија Ѓорче Петров се пресели на Чаир.

21-годишниот Воша последните пет сезони ги помина во Ѓорче каде што на 113 натпревари постигна пет голови и беше еден од најзажните во успесите на „лавовите“. Со Македонија Ѓорче Петров во последните две сезони го освојуваше Купот на Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот