Фото: EPA/BOB PEARSON

Од еуфорија до трагедија: Три лица се во критична состојба по престрелка на прославата на Денвер

Десетина лица се ранети во масовна престрелка утрово во Денвер во областа каде што кошаркарите и навивачите ја славеа историската прва титула во НБА лигата, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е приведено.

Престрелката се случила околу 00:30 часот по локално време, односно три ипол часа по натпреварот. Тројца од повредените биле во критична состоба. Настанот се случил на околу еден километар од Арената каде што Денвер го совлада Мајами.

„Засега се итражува што е причината за престрелката. Тоа се случи во квартот каде што е забележан најголемиот собир на навиваите кои славеа во текот на ноќта“, изјави портпаролот на полицијата Дуг Шепман.

Подрачјето по пристигнувањето на полицијата било блокирано и веднаш се започнало со собирањето на докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот