Шар Планина (фото: Архива)

Од 2 мај ќе се наплаќа движењето со возила низ националниот парк „Шар Планина“

Од 2 мај ќе се започне со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на националниот парк „Шар Планина“. Како што информираат од националниот парк на својот фејсбук-профил, влез ќе треба да платат сите посетители што влегуваат со моторни возила по дозволените патишта низ паркот, освен жителите на селата, сопствениците на приватни имоти и правни лица регистрирани на територијата на паркот.

„Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. Стратешките заложби на ЈУ Национален парк ‘Шар Планина’ се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк“, се вели во соопштението на НП „Шар Планина“.

За мотоцикли и автомобили надоместокот изнесува 150 денари, додека 250 денари ќе се плаќа за комбе и минибус до 20 седишта. Автобусите и тешките товарни возила ќе треба да плаќаат по 450 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот