Димитар Апасиев / Фото: ТВ24 / скриншот

Очекуваме историски резултат од 70.000 гласови и покрај цензурата од власта, порача Апасиев од родниот Велес

Левица вечерва пред велешани ги претстави кандидатите за членови на општинскиот совет. Носителот на листата, Димче Ацков, заедно со 22-ца кандидати и партискиот лидер Димитар Апасиев, се сретнаа со граѓани во центарот на градот.

Ацков рече дека советничката група на Левица „ќе продолжи таму каде што застанаа нивните претходници, со цел да се обезбеди континуитет и да се реализираат нови иницијативи од интерес за граѓаните“.

Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, пак, порача дека и покрај тоа што, како што рече, власта ги цензурира преку забраната за рекламирање, тој очекува Левица да постигне „историски резултат со над 70 илјади гласови“.

„Она во што ние полагаме надеж се младите, кои полека, но сигурно се вртат кон нашите кандидати – тука е нашата компаративна предност. Очекуваме историски скор и конкретно во Велес очекуваме и да го појачаме бројот на советници коишто досега беа тројца. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го осеќа и се врти кон послабиот, кон оној на кој му се прави неправда и оттука очекувам да се сврти во наша полза“, рече Апасиев во изјава што ја пренесе ТВ „24“.

Тој додаде дека во однос на забраната за предизборно рекламирање, партијата ги исцрпила сите правни механизми во земјата и дека ќе ја тужат државата пред судот во Стразбур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот