Фото: Левица

Обвинувања за партизација на конкурсот за офицери

Левица обвинува за партиски пазарења на конкурсот за прием на кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата на кој наместо 60 биле примени 29 кандидати.

-Министерството за одбрана јавно објави конкурс за 60 кандидати распоредени во различни служби, 74 лица успешно ги поминале сите селекциски фази вклучително и физички и медицински проверки. Сè до последен момент најуспешните кандидати биле во уверување дека се примени, согласно објавената потреба на конкурсот и ранг листа на примени. Но, со конечното Решение на министерот Владо Мисајловски, примени се само 29.

Всушност, останува непополнета 31 позиција согласно првично објавениот конкурс, а 15 кандидати кои требало да бидат избрани – не се нашле во Решението на Министерот без притоа да им дадат какво било образложение. Од Министерството нема никаков одговор ниту за тоа зошто се осмелиле спротивно на одредбите од Конкурсот да го намалат бројот на примени кандидати – обвинуваат од Левица.

Партијата бара итно поништување на решението на министерот, јавно објавување на причините за одбивањето на кандидатите кои ги исполнуваат условите и пополнување на сите 60 предвидени места – транспарентно, без партиски или етнички калкулации.

Македонската армија мора да се гради врз принципи на заслуги, стручност и еднакви можности, а не врз политички пазарења и дискриминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот