Обвинителството, полицијата и вештаци ќе истражуваат зошто се запали кумановскиот суд

Кумановското обвинителство заедно со вешти лица, кримтехника ќе ги истражува причините за настанување на пожарот во Основниот суд Куманово, информираше денеска шефицата на обвинителството, обвинителката Теута Бедиу Рамадани. Таа додава дека штом се создадат услови ќе се истражат причините за настанување на пожарот.

– Сè уште чади и нема услови да се изврши увид. Првично се сомневаме на електрична инсталација, но увидот ќе покаже кои се причините. Ова е постара зграда. На терен сме веднаш по добиената информација и јас и дежурниот обвинител, заедно со претставници од судот од почетокот на избувнување на пожарот. Пожарникарите уште работат. Со екипа на СВР ќе направиме и увид, ќе повикаме и вешти лица, ако е потребно ќе повикаме и други обвинители – вели Бедиу Рамадани.

Кумановското обвинителство е во истата зграда со судот. Пред неколку години со средства од ИПА беа реконструирани просториите. Од обвинителството велат дека лифтот кој е изграден и наменет за лица со попреченост не е зафатен, меѓутоа од едната страна има чад.

Од кумановската полиција информираат дека од почетокот се на терен.

– Денеска во 01.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во зграда на Основен суд Куманово. Известена е противпожарна екипа која работи на гаснење на пожарот . Засега нема пријава за повредени лица. Увид ќе биде извршен кога ќе биде изгаснат пожарот – изјави Ивана Младеновска портпарол на СВР Куманово.

Пожарот во подрумските простории на судот изби утрово во 01.35 часот. На терен уште се противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!