Обвинителството не ги соопшти имињата, туку бројот и возраста на жртвите во Кочани

Четири денови по најцрниот ден во поновата македонска историја, кога 59 млади животи згаснаа во кочанската дискотека без лиценца „Пулс“, Јавното обвинителство не ги соопштува имињата, туку бројот и возраста на жртвите во пожарот.

Според Јавното обвинителство, од нивна страна издадени биле 59 наредби за обдукција. Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до Обвинителството.

Од Обвинителството до медиумите испратија табела со следните информации за загинатите: Три починати лица за кои била издадена наредба за обдукција се на возраст од 16 години, три лица се на возраст од 17 години, загинале 4 лица на возраст од 18 години, 1 лице на 19 годишна возраст, две лица на возраст од 20 години, 6 лица на возраст од 21 година, две лица на возраст од 23 години, седум на возраст од 24 години, три лица на возраст од 25 години, 7 лица на возраст од 26 години, две лица на возраст од 27 години, едно лице на возраст од 29 години, три лица на возраст од 30 години, две лица на возраст од 31 година, едно лице на возраст од 32 години, едно лице на возраст од 33 години, четири лица на возраст од 36 години, две лица на возраст од 38 години, едно лице на 43-годишна возраст, две на возраст од 44 години, едно лице на возраст од 47 години и едно лице на возраст од 48 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот