Билјана Ивановска. поранешна претседателка на ДКСК / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Обвинителството ѝ дало можност на Ивановска исказот да го одложи по изборите

Јавното обвинителство попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

За да се спречат какви било шпекулации, Обвинителството објави дека во предметот постапува ЈО Адела Бојчевиќ.

Претходно денеска поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата синоќа и доставила кривична пријава.

Министерството за внатрешни работи пак соопшти дека МВР не води никаква постапка против Ивановска.

– За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите – велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот