Завршни зборови за убиството на Вања и Панче / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Обвинителството го прецизираше обвинението за Палчо со нов термин за убиствата на Вања и Панче

Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска денеска на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го прецизираа обвинителниот акт во поглед на тоа во колку часот се случиле убиствата.

Обвинителството тврди дека убиството на Вања Ѓорчевска се случило меѓу 8 часот и 30 минути и 9 часот и 30 минути, а убиството на Панче Жежовски во 11 часот.

Адвокатот на Боре Видевски не го обезбедил видеото од бензинската станица „Макпетрол“, кој на претходно рочиште сам го приложи па затоа судот пристапи кон изведување на завршните зборови од страна на Обвинителството.

Обвинителството тврди дека не постои видеозапис од бензинската станица „Макпетрол“ Велес, на кој се забележани Панче Жежовски и обвинетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот