Судење за несреќата во која загина Фросина Кулакова / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Обвинителот за пресудата за загинатата Фросина: Највисока казна за вакво кривично дело во историјата на судот

Обвинителот Александар Марковски, кој го водеше случајот во кој загина младата Фросина Кулакова, по денешната пресуда за која беше изречена затворска казна од 12 години затвор за возачот Васил Јованов, рече дека ова е мала победа за Обвинителството, но го задржа правото на жалба на пресудата.

-Кога станува збор за ваков трагичен настан, нема простор ниту за славење ниту за разочараност. Во поглед на тоа самопризнание придонесе брзата и ефикасна истрага во која придонесе со свој кадар и МВР кое беше на висина на задачата, како и истражителите од ОЈО Скопје. Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која во историјата на овој суд, за ова кривично дело, кога станува збор за една жртва, не била досега изречена, сметајќи на висината 12 години затвор. Обвинителството сепак го задржува правото на жалба и да бара повисока казна затвор – рече Марковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот