
Обожавателите мислат дека е преценета: Тејлор Свифт повторно е најслушана музичарка на „Спотифај“ за 2024 година
„Спотифај“, една од најпопуларните платформи за слушање музика, ја објави својата позната листа „Spotify Wrapped“. Целта на листата е да се откријат најслушаните уметници, песни, албуми и подкасти во изминатата година.
Препорачано
Тејлор Свифт ја доби наградата за најстримувана жена уметник на глобално ниво на „Спотифај“ за 2024 година. Таа ја освои титулата втора година по ред, благодарение на албумот „ The Tortured Poets Department“, кој воедно е и најстримуваниот албум на годината. Таа зад себе ги остави Д Викенд, Бед Бани, Дрејк и Били Ајлиш.
Пејачката имаше 26,6 милијарди стримови во изминатата година. Албумот „The Tortured Poets Department“ собори неколку рекорди. Имаше 300 милиони стримови и повеќе од милијарда во првата недела од објавувањето.
Освен неа, во топ 10 има осум жени, како Били Ајлиш, Сабрина Карпентер, Карол Џи, Аријана Гранде и СЗА.
Нај стримувана песна имаше Сабрина Карпентер со нејзината песна „Espresso“ и повеќе од 1,6 милијарди стримови. По неа следуваат „Beautiful Things“ од Бенсон Бун и „Birds of a Feather“ од Били Ајлиш.
Иако втора година по ред го добива ова признание, обожавателите мислат дека Тејлор Свифт е преценета.
„Гласот ѝ е слаб, музиката ѝ е претежно заборавлива, а текстовите не се ништо посебно“, пишуваат корисниците на „Редит“.