Градежен работник на скопски објект / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Објавени фирмите на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежници и урбанисти

Mинистерството за транспорт и врски ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање. Како што информираа оттаму, во тек е обемна контрола на издадените лиценци, а во постапка на одземање се 479.

-Од досегашните контроли на над 3.100 лиценци се констатира дека кај 479, по нивното издавање, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои ги добиле лиценците и поради тоа се ќе се донесат решенија за нивно одземање. Ќе им се одземе на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија, на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 2 правни лица лиценца управител на градба, како и на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови, наведува Министерството.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, ЗЕЛС и сите останати засегнати институции за понатамошни постапки.

Министерството најавува дека во следниот период ќе продолжи со контролите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности за да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата, како и за да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целосната листа на правните лица може да се види на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот