Награда 11 Октомври / Фото: МИА

Објавени добитниците на наградата „11 Октомври“ за животно дело

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025 година, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес, денеска ги објави добитниците.

Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на актерката Теаута Ајдини-Јегени, хорската диригентка и професорка Летка Димовска-Полизова, како и на продуцентот и промотор на македонската уметност Иво Јанковски.

Во категоријата наука и образование, наградата ја добиваат проф. д-р Константин Димитров и академик Глигор Јовановски.

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија. Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е проф. д-р Светозар Антовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот