Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Објавена умреницата на Метју Пери, наведен чуден детаљ како причина за смртта

Умреницата на актерот Метју Пери, ѕвездата на ситкомот „Пријатели“ („Friends“), носи нови информации за неговата смрт.

Пери беше пронајден мртов во џакузи на крајот на минатиот месец, а во петокот неговиот погреб беше одржан во Меморијалниот парк Форест Лон во Лос Анџелес, каде што се погребани многу познати ѕвезди како Пол Вокер и Кери Фишер. Покрај семејството и пријателите, на неговиот погреб дојдоа и неговите колеги од култната серија „Пријатели“.

„Блест“ стигна до умреницата на актерот, каде пишува дека причината за смртта на ѕвездата е „одложено“, бидејќи токсиколошкиот извештај на Пери сѐ уште се чека. Првичните извештаи покажаа дека немало метамфетамин или фентанил во неговото тело кога починал, но за останатие дроги треба посериозно тестирање. Чекањето за таков извештај може да трае со недели, но неговите блиски тврдат дека тој бил чист и трезен пред неговата смрт.

На умреницата стои и податокот дека неговиот очув Кит Морисон им дал информации на истражителите. Исто така, беше наведено дека работел во индустријата за „забава“, а неговото занимање е наведено како „актер“.

Кога истражителите пристигнале во домот на Пери, не нашле никакви нелегални лекови, но нашле лекови на рецепт кои биле соодветно означени. Актерот неодамна проговори за својата битка со зависноста во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ („Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing: A Memoir“).

Во мемоарите, тој зборува за неговата борба со зависноста од дрога и алкохол. Потоа, исто така, за тоа како лекарите му дадле „два проценти шанси“ да преживее откако му пукна дебелото црево во 2018 година.

Пери силно верувал во помагањето на другите кои поминале низ слични предизвици.

„Кога ќе умрам, не сакам ‘Пријатели’ да бидат првото нешто што се споменува – сакам да биде за помагањето на другите. И така ќе го живеам остатокот од животот“, рекол тој пред смртта, пишува „Мирор“.

Неговите пријатели и семејството ја основаа Фондацијата „Метју Пери“, во чест на актерот и за да им помогнат на оние кои се борат со вакви зависности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!