Средношколци со ранци / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта, првиот рок е во јуни

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување на учениците во прва година, утврдениот минимум број поени за пријавување, потребната документација која учениците ќе треба да ја достават во избраното средно училиште по успешното електронско пријавување, како и насоки за спроведување на конкурсот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот