Фото: Профимедиа

Обид за фалсификат: Два месеци затвор за актерката Лори Лохлин за поткуп

Актерката Лори Лохлин, ѕвезда на серијата „Полна куќа“,  доби казна затвор во времетраење од два месеци за учество во скандалот со запишување на нејзината ќерка на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Имено, Лохлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џианули се обиделе да избегнат тужба за поткуп, но обвинителството, а потоа и судот во Калифорнија, не ги отфрлиле обвиненијата.

Холивудската актерка е осудена на два месеци затвор, а нејзиниот сопруг на пет месеци, а потоа и на две години надгледување, за кое време Лохлин ќе мора да одработи 100 часа општествено корисна работа и да плати казна од 150.000 американски долари.

Лори со ќерките/Фото: Профимедиа

Нејзиниот сопруг, Мосимо Џианули, пак, ќе мора да одработи и 250 часа корисна работа во заедницата и да плати казна од 250.000 американски долари по издржување затворска казна од пет месеци.

Брачната двојка е должна да се пријави кај затворските власти на 19 ноември до 14 часот за издржување на казната.

Судот ги осуди за тоа што се согласиле да го поткупат Вилијам Рик Сингер со половина милион долари, кој обезбедил нивната ќерка да ги фалсификува и препише точните одговори на тестот за упис факултетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот