
Обединети нации: Половина од бараната помош стигна во Газа
Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации денес објави дека околу 50 проценти од побараната хуманитарна помош стигнала во Појасот Газа.
Препорачано
Според проценките на Светската програма за храна, речиси 470.000 луѓе се прегладнети, вклучувајќи околу 90.000 жени и деца на кои им е неопходна специјализирана нутритивна поддршка, пренесува Ројтерс.
Во најновата анализа, Интегрираната проценка на безбедноста на храната (IPC) предупредува дека во регионот се развива најлошото можно сценарио – состојба на масовен глад. Од таму апелираат за итно запирање на непријателствата и обезбедување непречен, обемен и континуиран хуманитарен пристап.
„Ова е единствениот начин да се спречат дополнителни смртни случаи и катастрофално човечко страдање,“ се наведува во извештајот на IPC.
IPC работи во соработка со влади, агенции на Обединетите нации и меѓународни хуманитарни организации, и ја користи унифицираната методологија за проценка на степенот на кризни ситуации поврзани со храна.
Хуманитарните организации повторно повикуваат на итен глобален одговор, пред состојбата во Газа да прерасне во хуманитарна катастрофа со несогледливи последици.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5