Депонија Дрисла / Фото: ,,Слободен печат'' / Методи Здравев

„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје

Бараме „Дрисла“ да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, а не да се дава на јавно-приватно партнерство, приказна која цела деценија е тотален неуспех и виновник зошто сме тука кај што сме, велат од „О2 Иницијатива“.

Оттаму ги повикаа граѓаните да потпишат петиција за „Дрисла“ да остане под Град Скопје, а кандидатите за градоначалник на Град Скопје да се обврзат на ова и да започнат инвестирање во трансформирање од една застарена, нестандардна депонија во современ центар за управување со отпад.

Тие посочуваат дека во Словенија инвестицијата чинела околу 150 милиони евра, каде 50% биле обезбедени од европски фондови. Изградбата одела во фази, а јавното претпријатие е самоодржливо и не му се потребни субвенции за да функционира, па според нив истата стратегија треба да се примени за „Дрисла“ и да престане системот на просто депонирање на отпад.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека повторно ќе направат јавно-приватно партнерство, како претходно, кога „Дрисла“ беше дадена на мафијашите италијани во време на Коце Трајановски. За девет години ништо не направија од наведеното во тендерот. Градот Скопје имаше само 20% од сопственоста над „Дрисла“.Премиерот нагласува дека ќе имало јавен тендер, со јасни критериуми, божем нешто различно овојпат. И тогаш имаше јавен тендер со јасни критериуми и беше избрана оваа сомнителна фирма и тоа двапати, а германската компанија Шолц со години го оспоруваше доделувањето на тендерот. Не, доста ни е од лоши практики, неуспешни управувања и мафијашлук – велат од „О2 иницијатива“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот