Фото: - / Digifoodstock / Profimedia

Нутриционистите советуваат: Летово треба да јадеме повеќе дињи

Дињата е освежително и здраво овошје, кое е синоним за лето. Тоа е полно со витамини, од А до Ц, како и со есенцијални хранливи материи кои можат да му помогнат на имунолошкиот и дигестивниот систем, покажуваат студиите, а пишува „Ју-ес-еј тудеј“.

Нутриционистите велат дека има многу причини дињата да се најде на нашата трпеза во наредните месеци.

„Дињата е одличен додаток на менито ако сакате да јадете повеќе хидратантна храна, храна против воспаление и храна богата со хранливи материи“, вели Хоуп Брант, американска диететичарка.

Во контекст на урамнотежена исхрана, овошјето станува добар извор на антиоксиданси, калиум и влакна – хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот, помагаат во процесот на варење и обезбедуваат заштита од хронични болести, заклучокот на студијата од 2023 година.

„Најчестата придобивка што ја гледаме е прекрасната портокалова боја, која доаѓа од бета-каротин“, вели нутриционистката Моника Дагостино, која додава дека кога оваа супстанца ќе влезе во телото, таа се претвора во витамин А, кој е неопходен за здравјето на очите, создавање крвни зрнца и имунолошки одговор, а како силен антиоксиданс помага во борбата против слободните радикали.

Слободните радикали прават пустош во организмот со тоа што ги оштетуваат здравите клетки, предупредува Дагостино. Бета-каротинот делува како нивен неутрализатор, кој може да помогне да се спречи прогресијата на болести, вклучувајќи срцеви заболувања, па дури и рак.

„Исхраната богата со антиоксиданси може да помогне да се намали хроничното воспаление во нашите тела со текот на времето. Високата содржина на витамин Ц во дињата е особено корисна за апсорпција на железото“, истакнува Брант.

Колку диња треба да јадете?

Една чаша свежа диња, исечена на коцки, содржи 53 калории. Оваа количина обезбедува дневна доза на витамин А, содржи шест проценти од дневните потреби за влакна и е речиси доволна за да се обезбеди препорачаната дневна потреба од витамин Ц.

Според Светската здравствена организација, секој ден треба да консумираме најмалку пет порции овошје и зеленчук, вкупно околу 80 грама по порција.

Доколку уживате во дињата и сакате да ја вклучите во вашето овошно мени, Дагостино советува дека токму ова овошје треба да сочинува две порции во текот на денот.

Со која храна оди добро дињата?

Дињата може да биде одлична освежителна ужина или додаток на летните салати, а комбинирањето со храна богата со антиоксиданси, влакна и течности може да ви помогне да постигнете разновидна исхрана.

„Кога се консумира заедно со друго овошје, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, семки и мешунки, дињата може да биде одличен сојузник на патот кон зголемување на вкупните влакна и вода во телото, што ќе помогне со потенцијални дигестивни проблеми“, открива Моника Дагостино.

Според неа, коцките диња се одлични и со бобинки, јаткасти плодови, грчки јогурт и свежо сирење.

„Разновидноста е клучна, а за да се постигне добро балансирана исхрана – важно е да се јаде разновидно овошје, богато со хранливи материи“, нагласува Дагостино.

Покрај дињата, овошјата кои можат да се пофалат со слични здравствени придобивки – грејпфрут, шипка и папаја, исто така, се сметаат за храна богата со калиум, влакна и антиоксиданси, покажуваат резултатите од истражувањето.

Хоуп Брант истакнува дека во салатите со лиснат зеленчук, дињата нуди изненадувачка придобивка.

„Лиснатиот зеленчук е полн со железо, а на организмот често му е потребна дополнителна помош при апсорпција на железо од растителна храна, а витаминот Ц кој се наоѓа во дињата може поефикасно да го води овој процес“, објаснува Брант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!