фото: mmafighting

Нурмагомедов останува крал во УФЦ, Мегкрегор веднаш побара реванш

Хабиб Нурмагомедов останува „крал“ во УФЦ шампионатот и во Абу Даби дојде до 28 победа победа во 28 меч во кариерата. Последна жртва на рускиот борец е Дастин Поирие кој беше принуден во третата рунда да се предаде.

Ниту паузата од 11 месеци поради суспензијата не остави трага кај Хабиб Нурмагомедов, тој уште од самиот почеток тргна агресивно, и веднаш го собори противникот на партер.

Во втората рунда, Поирие покажа зашто е предизвикувач за титулата во лесна категорија, успеа да го подоги со кроше кои го зашемети шампионот. Но тоа беше се што успеа да направи Поирие, шампионот се се врати на својот препознатлив стил на борење и во третата рунда го принуди да се предаде.

– Што се однесува до последната борба со тој с*рко, имаше многу луди работи. Најважната работа е респект. Во мешаните боречки вештини не треба да има навредувања и провокации. Тоа го покажавме сега заедно со Дастин и со неговиот фантастичен тим – изјави Нурмагомедов кој е единствен борец во УФЦ кој е шампион и ја нема почувствувано горчината на поразот во кариерата.

По победата на Хабиб Нурмагомедов, веднаш се јави контроверзниот Конор Мекгрегор кој пред 11 месеци загуби токму од Русинот и побара реванш.

– Закажете ми реванш во Москва“, напиша Мекгрегор на својот профил на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!