Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје”

Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје”и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје” за загадување на Скопје. Од „Усје” ги демантираа овие обвинувања.

Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје”, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извшетајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма. Целосно, транспарентно ќе го презентираме, кога извештајот ќе биде разгледан и комисијата ќе го има разгледано целиот, истакна министерот.

На прашање дали ги отфрлува обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска, тој одговори дека не, но, „како Министерство, не преземаме кривична против никого”.

Според анализа што траела една година, како што кажа министерот, се покажало дека 35 отсто до 45 проценти, загадувањето во градот Скопје доаѓа од палење на биомаса. На второ место биле стари возила.

Нашата стратегија во Владата, да направиме измена на начин на греење на јавни објекти, е тоа што е потребно и да ги поддржиме нашите граѓани да направат измена на, кога има можност, греење на домови. Но, клуч на целиот проблем ќе биде секундарна и терцијарна мрежа за гасовод во нашата држава, подвлече министерот.

Нуредини присуствуваше на отпочнување на изградба на фекална канализација во Страчинци во Општина Гази Баба.

Арсовска со кривична пријава против Цементарница „Усје“, испуштала трипати повеќе штетни гасови од дозволеното

Цементарница „Усје“ ја демантира Арсовска: Измерените штетни гасови биле пониски од дозволените вредности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот