Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Нуклеарната централа Запорожје веќе 14 дена работи на генератори

Нуклеарната централа Запорожје веќе 14 дена користи електрична енергија од резервни дизел генератори за своите основни потреби, откако беше прекинато надворешното напојување, објави директорката за комуникации на централата Евгенија Јашина.

„Нуклеарната централа Запорожје сè уште работи благодарение на дизел генераторите. Некои од генераторите се во функција, додека останатите се во режим на подготвеност и можат да се активираат во секое време. Има доволно гориво, а специјалистите на централата целосно ги контролираат сите технолошки процеси“, изјави Јашина за руската новинска агенција ТАСС.

Електраната се префрли на резервно напојување на 23 септември откако високонапонскиот вод „Днепровскаја“ беше оштетен поради гранатирање.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека нападите на украинските сили врз нуклеарната централа Запорожје се „опасна игра“ и би можеле да предизвикаат реципрочна реакција од Москва.

Тој нагласи дека Русија целосно ја контролира ситуацијата во и околу нуклеарната централа и ги спроведува сите потребни мерки за заштита на објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот