Profimedia

Новото поглавје во животот на принцезата Леонор ѝ измами солзи на кралицата Летиција

Кралот Фелипе, кралицата Летиција и останатите членови на кралското семејство викендов се собраа во Кадиз, Шпанија за да ја испратат нивната постара ќерка, 19-годишната принцеза Леонор, на шестмесечно патување.

51-годишната кралица Летиција храбро се држеше стоејќи покрај кралот Фелипе, кој беше елегантен во традиционалната шпанска воена униформа, но кога воениот брод, на кој Леонор ќе престојува отплови од брегот, Летиција ги избриша солзите што ѝ потекоа.

Profimedia

Леонор веќе подолго време оди на воена обука, која за неа, како идна кралица на Шпанија е задолжителна, а сега со останатите војници ќе помине шест месеци на воен брод.

Нејзиното заминување е всушност историска пресвртница за шпанската монархија, а Леонор ќе помине вкупно три години воена обука.

„Покрај тагата што ја чувствувам порадни нејзиното заминување, се надевам дека ќе ѝ биде многу добро“, рече кралот Фелипе, на што кралицата Летиција додаде: „Ќе поминат многу месеци додека не се сретнеме повторно“.

Profimedia

Нејзината воена обука е всушност само уште еден чекор во подготовката на принцезата Леонор за нејзината идна улога, кралица на Шпанија, бидејќи таа титула значи и дека таа ќе ги предводи шпанските воени сили.

За разлика од неа, шведската принцеза Викторија и норвешката принцеза Ингрид Александре имале многу пократка воена обука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот