Ослободен украински заробеник во прегратка со сопругата - Фотографија ЕПА, Прес служба на претседателот

Новогодишно ослободување на воени заробеници

Украина и Русија синоќа спроведоа нова масовна размена на воени заробеници, овозможувајќи им на повеќе од 300 луѓе да ја прослават Новата година со семејствата.

Украина ослободи 150 руски затвореници, а Русија 189 украински. Размената е спроведена во Белорусија.

– Син ми сега е петгодишен, кога последен пат го видов имаше две години. Не ме позна. Имав брада и коса. Изгубив 20 килограми – изјави за Ројтерс Серхиј, кој бил заробен во челичарницата „Азовстал“ кај Мариупол, по тримесечната руска опсада во 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати поради успешното посредство за постигнувањето договор за размена на заробеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!