Новогодишна бајка од денеска во паркот „Авионче“, три дена бесплатно вино за сите посетители

Од денес па до 27 декември, во паркот „Авионче“ во Аеродром, ќе се одржува настанот „Новогодишна бајка“ за сите љубители на добрата забава и предновогодишниот дух.

На Фестивалот на вино, вода и храна, којшто започнува денеска во 18 часот, за забава на посетителите  ќе се погрижат Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен. Винаријата „Парагон“, за сите граѓани кои ќе дојдат на настанот во текот на сите три дена ќе  обезбеди бесплатно вино.

Новогодишната бајка ќе биде збогатена и со празничен базар,  каде што ќе бидат достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи. За најмладите  ќе има повеќе забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, а специјален гостин ќе биде Дедо Мраз!

Настанот е финансиран од Град Скопје и е дел од  културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот