Фото: илустрација

Ново врсничко насилство што вознемирува: 10-годишно дете тепано и малтретирано во скопско школо, соученици го снимале чинот

Нов вознемирувачко насилство меѓу деца во скопско училиште е пријавен вчера во полиција, а жртвата е десетгодишно момче, информираат од МВР.

„На 03.09.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Б.Н.(37) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Ова доаѓа само неколку дена откако јавноста ја вознемири снимка на која се гледа како девојчиња брутално тепаат врсничка во населбата Чаир. Полицијата потоа ги пронајде насилничките и најави соодветни пријави.

ВИДЕО: Полицијата ги најде девојчињата кои брутално тепаа врсничка и снимаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!