Некогашната двојка Диди и Ким Портер / Фото: Profimedia

Ново вознемирувачко сведоштво: „Диди беше насилен со мајката на неговите деца, неговото однесување со неа беше злобно!“

Озлогласениот рапер Шон Комбс, познат како Диди, наводно покажал насилно однесување кон неговата поранешна девојка Ким Портер во еден ноќен клуб, според сведочењето на една личност во новиот документарен филм „Падот на Диди“ („The Fall Of Diddy“).

Според „Мирор“, инцидентот се случил додека Портер била на излегување со пријателките, пред Диди да се појави во клубот.

Новинарката Даниел Смит, која имала блиска врска со Портер, проговори за своето искуство.

„Го видов како се однесуваше кон Ким на начини кои беа навистина ужасни и злобни“, рекла таа, додавајќи дека била длабоко потресена од настанот.

Смит дополнително опишала дека повремено се дружеле со Потер, а една вечер спонтано решиле да излезат со други девојки.

„Видов како Паф (Диди) влегува во клубот. Мислев дека доаѓа да се забавува, дека ќе се смести во ВИП-делот, но ситуацијата се смени“, раскажала таа.

Таа потоа детално го опишала наводниот инцидент што се случил по неговото пристигнување, истакнувајќи дека неговото однесување било крајно неприфатливо.

„Почна да ѝ вика дека треба да биде дома, а не надвор. Потоа ѝ ја зграпчи чантата и буквално ја преврте наопаку. Ја испразни пред сите. Бев шокирана. Луѓето прават вакви работи за да ве засрамат, да се почувствувате безвредно и да ве исплашат. Никогаш не сум видела да ја удрил, но, како што сите знаеме, тоа не е единствената форма на насилство“, изјавила таа.

Да потсетиме, Диди и Ким Потер имаа долга и нестабилна врска што траеше од 1994 до 2007 година, со повеќе прекини и повторни смирувања. Од нивната врска произлегоа три деца. Портер почина во 2018 година, на 47-годишна возраст.

Првите две епизоди од документарецот за Диди беа објавени на 27 јануари, а уште две беа најавени за 28 јануари. Филмот вклучува сведочења од различни луѓе кои зборуваат за сериозните обвиненија против него.

Моментално, Диди се наоѓа во притвор во Њујорк, откако беше уапсен во септември минатата година. Обвинет е за рекетирање, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и други кривични дела поврзани со проституција. Покрај тоа, против него се поднесени обвиненија за сексуално и физичко насилство, иако тој ги негира сите наводи. Неговото судење е закажано за 5 мај, а до тогаш ќе остане во притвор.

Поранешната на Диди со шокантни тврдења: „Ме присилуваше на сексуални активности дури и кога не сакав!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот