Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и во Мадрид

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на големите турнири, откако денеска запиша уште еден разочарувачки пораз. На стартот на Мастерсот во Мадрид, најдобриот српски тенисер беше елиминиран од Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Ѓоковиќ не успеа да го пронајде своето темпо, повторно правеше многу грешки, а Арналди знаеше како да ги искористи сите слабости на противникот. Во првиот сет, клучен беше осмиот гем, кога Италијанецот го одзеде сервисот на Ѓоковиќ за водство од 5-3 и без многу мака го освои сетот.

Во вториот сет, Арналди направи еден брејк, кој беше доволен за да дојде до најголемата победа во својата кариера. Ѓоковиќ со овој пораз потврди дека се наоѓа во сериозна криза кога во прашање се настапите на големите турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот