Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Со двеминутно промотивно видео, Република Северна Македонија е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet. Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебната секција наречена „Daydreaming during Covid” преку која се инспирира милионската публика од цел свет да посети различни дестинации, вклучително и нашата земја.

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Со него, земјава прв пат се појавува со самостојна објава на престижниот Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од неговите едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко.

– Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата, искусувајќи го адреналинот и храната, ветрот при едрење или брзината при кајакарење, не изоставајќи ја можноста при тоа да се посетат историските знаменитости, лозови насади, неоткриените села…со една и единствена порака: Најди ја сопствената авантура!, наведува АППТ.

Видеото претставува сиже од 10-те промотивни видеа кои АППТ и ИМЕ ги подготвија во рамки на кампањата „Дома си е дома” и каде се претставени 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Погледнете го видеото TУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот