На Гренд слем турнирите ќе има единствено правилокога станува збор за тај-брејкот/фото: EPA/KIMIMASA MAYAMA

Ново правило на Гренд слем турнирите: Тај-брејкот во одлучувачкиот сет ќе се игра до десет поени

Четирите гренд слем турнири одлучија да воведат едногодишен тест период за играње на тај-брејк до десет освоени поени во одлучувачкиот петти сет.

Новото правило ќе започне да се спроведува од наредниот гренд слем турнир, Ролан Гарос кој започнува на 22 мај, објави Извршниот одбор кој се грижи за одржувањето на гренд слем турнирите.

Продолжениот тај-брејк ќе се игра само при резултат 6:6 во гемови во петтиот сет кај мажите, односно во третиот сет кај жените.

Досега секој гренд слем турнир имаше сопствено правило кога станува збор за одлучувачкиот петти сет кај мажите и третиот кај жените. На Австралија Опен од 2019 година во одлучувачкиот сет се игра продолжен тај-брејк до 10 поени.

На Вимблдон од 2019 година се игра тај-брејк во одличувачкиот сет, но при резултат 12:12. На УС Опен се игра класичен одлучувачки петти сети, со тај-брејк до седум поени, додека на Ролан Гарос досега важеше правилото победник во одлучувачкиот сет да биде тенисерот или тенисерката кои ќе освојат два гема повеќе од противникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!