
Ново одложување на првиот лет на новата ракета на Џеф Безос од технички причини
Вселенската компанија на Џеф Безос, „Блу ориџин“, денеска беше принудена повторно да го одложи првото лансирање на својата моќна ракета „Њу Глен“. Оваа ракета требаше да полета од Кејп Канаверал, Флорида, во понеделник наутро, доколку временските услови дозволуваат.
Препорачано
Сепак, непосредно пред закажаното лансирање, технички проблем ја натера компанијата да се откаже од обидот за уште еден ден.
„Се откажуваме од денешниот обид за лансирање за решавање на проблем со потсистемот на возилото што ќе нè однесе надвор од нашиот прозорец за лансирање. Ги разгледуваме можностите за нашиот следен обид за лансирање, напишаа на Икс од „Блу ориџин“.
We’re standing down on today’s launch attempt to troubleshoot a vehicle subsystem issue that will take us beyond our launch window. We’re reviewing opportunities for our next launch attempt.
— Blue Origin (@blueorigin) January 13, 2025
Лансирањето првично беше закажано за 10 јануари, а потоа за 12 јануари, но „Блу ориџин“ се откажа од двата обиди поради тешките временски услови.
Наречена „Њу Глен“ по Џон Глен – првиот Американец кој влезе во орбитата на Земјата – оваа ракета беше голем момент за „Блу ориџин“. Кога конечно ќе биде лансирана, идејата е ракетниот засилувач да се откачи и да слета на платформа во Атлантикот каде потоа ќе може повторно да се користи – маневар што го совлада програмата „Starship“ на Илон Маск во октомври минатата година.
Но, по утрото на постојани преоценувања, Безос сега ќе мора да почека уште малку за да добие шанса да му парира на својот ривал.